Лесни победи на Aлборг и Барселона на стартот од Лигата на шампионите

Финалистите од последниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, првакот Барселона и второпласираниот Алборг со сигурни победи ги стартуваа новите кампањи во европската ракометна елита.

Барселона без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај норвешки Колштад со 30-35. Дика Мем со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Јонсен и Сонден постигнаа исто така по шест гола.

Вицешампионот Алборг на домашен терен славеше убедлив триумф над францускиот Нант со 38-31. Томас Арнолдсен со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Валеро Ривера постигна седум гола.

Се вчитува...