Ракометарите на Бутел без проблеми ја поминаа првата пречка во Купот на Македонија откако вечерва на убедлив начин на домашен терен славеа против Ѓорче Петров со 49-26 Дилемите околу победникот бутелчани ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 25-10, а до крајот само рутински го приведоа мечо за конечни 49-26.
Илија Пејковски со 11 гола беше најдобар поединец кај бутелчани, додека кај поразените Лука Трифуновски постигна девет гола.
Во единствениот дуел на два суперлигаши во првата рунда од Купот изненадувачки Голден Арт без проблеми славеше против Аеродром со убедливи 37-27. Домаќините уште од самиот старт го контролираа мечот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на поволен резултат. Дејан Гошевски со осум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 16 погодоци на Наум Костов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА