Лесни победи на Е. Пелистер и ГРК Охрид во Суперлигата

Два тима од големата четворка во македонскиот ракомет вечерва славеа победи без поголеми проблеми во мечевите од 10. коло во новата сезона од Суперлигата на Македонија.

Актуелниот шампион Е. Пелистер без проблеми славеше на гостувањето кај Прилеп со убедливи 25-40. Гостите уште во првиот дел ја завршија целата работа добивајќи го првото полувреме со 12-21. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 25-40. Mирче Калајџиовски со шест гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Ангел Крстески постигна седум гола.

До рутинска победа стигна и ГРК Охрид на гостувањето кај Бутел од 19-25. Дури четири ракометари кај победникот постигнаа по четири гола (Лапи, Петриќ и Иванковиќ), а кај поразените Димитар Узунчев заврши со девет гола.

Се вчитува...