Ракометарите на Охрид и на Бутел забележаа лесни победи на домашен терен во новата рунда од Супер-лигата, мечеви во кои за ривали имаа екипи кои сезоната ќе ја продолжат во плејаут натпреварувањето.
Бутел за противник го имаше Куманово, дуел што домашниот тим го доби со 35-27. Кумановци одлично парираа во првото полувреме во кое имаа само еден гол негатива (15-14), дуелот беше израмнет се до 19-19, по што „бутелци“ заиграа во фантастичен ритам и стигнаа до убедлив триумф. Димитар Узунчев со девет и Тодор Узунчев со шест погодоци беа најдобри во победничкиот тим, додека најефикасен кај Куманово беше Марио Миланов со шест гола.
Охрид беше уште поубедлив на мечот со Бисинов, дуел во кој избраниците на Стевче Алушовски славеа со 38-20 (полувреме 16-9). Наум Костов одигра одличен меч и со десет гола ги предводеше стрелците, седум погодоци за Охрид постигна Јотиќ, додека прв стрелец на велешани во вечерашниот пораз беше Давид Димевски со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

