Лесни победи на Вардар и на Охрид во Суперлигата

Двократниот европски шампион Вардар останува перфектен во ракометната Суперлига на Македонија, откако вечерва на домашен терен во меч од 15. коло славеше над екипата на Тиквеш со 31-27.

Вардарци одлично го отворија натпреварот и веќе на пауза имаа позитива од 18-12. Во вториот дел рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 31-27. Кавада и Митровиќ со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Димитар Коцев постигна осум погодоци.

До лесна победа стигна и ГРК Охрид против Е. Пелистер 2 33-20. Никола Ристески со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бен Махфуд исто така постигна шест гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...