Баерн Минхен продолжи во победнички ритам во Бундес-лигата и се зацврсти на првата позиција на табелата со 29 освоени бода, откако конкурентите при врвот не успеаја да задржат чекор. Хофенхајм во последен час извлече реми (1-1) против Ајнтрахт Франкфурт, а и Лајпциг ремизираше (2-2) на гости против Баер Леверкузен.
Артуро Видал го отвори резултатот во корист на баварскиот тим на „Алијанц арена“ во 31.минута, а Роберт Левандовски седум минути подоцна зголеми на 2-0. Полјакот постигна уште еден погодок на стартот на вториот дел, по што беше јасно дека трите бода ќе останат за домашниот состав.
Резултати Германија: Мајнц – Келн 1-0, Баер Леверкузен – Лајпциг 2-2, Баерн Минхен – Аугсбург 3-0, Хофенхајм – Ајнтрахт Ф. 1-1, Волфсбург – Хановер 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА