Македонската одбојкарска репрезентација го одработува првиот дел од подготовките за Европското првенство во Словенија во септември. Во оваа фаза пред се се тестираат младите играчи кои му се приклучија на националниот тим. Потоа репезентацијата има одмор, а се собира во јули и тргнува од Маврово. Потоа ќе следуваат подготвките во Скопје и контролните натпревари. Историското прво учество на европските првенства, нашиот тим го почнува на 12. септември.
„Имаме закажани и контролни натпревари во пристојна бројка, можеби не колку што би сакале, но бидејќи не се пријавивме за Европската лига тешко е да се доведат репрезентации кои учествуваат во неа. Сепак, сметам дека добро ќе се подготвиме“ – вели селекторот Никола Матијашевиќ.
Во групата во Словенија, покрај со домаќинот, македонската репрезентација ќе се соочи со Русија, Турција, Белорусија и со Финска.
„Голем успех, пред се на играчите е пласманот на Европското првенство. Јасно најмногу би сакал екипава да одигра најдобро против Белорусија, Финска и против Турција, а помалку добро против Русија, со оглед на тоа дека колку и добро да играме, шансите ни се мали и со Русија и со Словенија. Тие се фаворити. нормално дека нема да одиме да загубиме, но ќе се обидеме да бидеме рационални. да добиеме еден натпревар, ако добиеме еден зошто не и два. Ако пак добиеме два, веќе сме пласирани за следната фаза. Тоа е нашата филозофија. Се разбира за ова треба добро да се подготвиме. Лесно е да се каже, многу потешко да се направи. Ќе дадеме се од себе за да успееме“ – порачува селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА