Ракометната репрезентација на Германија ја запиша и втората победа во главната фаза на Европското првенство во Скандинавија откако вечерва славеше со 30-28 против репрезентацијата на Норвешка.
И двата тима одиграа фуриозно во првото полувреме игра која повеќе им одговараше на Норвежаните кои на пауза заминаа со позитива од два гола 15-17. И се ќе беше добро за нив и во вториот дел да не се појавеше најдобриот голман на денешницата Андреас Волф.
Едноставно ги спушти ролтетните во второто полувреме запишувајќи 22 одбрани, што беше доволно за конечен триумф на Германија од 30-28. Феноменален во таборот на „панцирите“ беше и младиот Марко Гргиќ кој го заврши натпреварот со седум погодоци. Кај поразените Сагосен, Педерсен и Гуликсен постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

