Лесно му е на Јувентус кога си го има Роналдо… (ВИДЕО)

Јувентус се зацврсти на челната позиција во Серија А со четири бода предност во однос на второпласираниот Интер, откако во 20. коло славеше во Торино против Парма со 2-1.

А, творец на триумфот на „црно-белите“, Кристијано Роналдо. Португалецот беше стрелец на двата погодоци за „Старата дама“, најпрво за водство од 1-0 во 43. минута…

Откако гостите израмнија во 55. минута со голот на Корнелиус, Роналдо веќе во 58. минута повторно стрелаше за конечни 2-1.

Сега Јувентус има 51 бод на врвот на табелата во најсилната италијанска лига.

Се вчитува...