Лесор: Да не беше тепачката против Реал Мадрид ќе ја освоевме Евролигата

Поранешниот кошаркар на Партизан, Матијас Лесор гостувајќи на српски кошаркарски подкаст се осврна кон фамозната четвртфинална серија против Реал Мадрид во сезоната 2023/24 кој ќе остане запомнета по тепачка и бројни суспензии во моментите кога српскиот тим имаше предност од 2-0.

На крајот Реал Мадрид успеа да направи целосен пресврт, славеше со 3-2 и ја освои Евролигата, а Лесор верува дека многу од работите можеше да бидат различни доколку не дојдеше до немилиот инцидент и дека тој „црно-бел“ тим ќе останеше заедно и во иднина.

„Во Ф4 секој има 25 отсто шанса, но јас лично мислам дека ќе освоевме. Бевме најдобриот тим во Евролигата во тој момент. Од февруари до крајот на плеј-офот бевме најдобриот тим и верувам дека ќе освоевме. Ме боли тоа секој пат кога ќе зборам за тоа. Ако се случеше тоа многу работи ќе беа различни, тимот ќе останеше заедно“, изјави Лесор.

Се вчитува...