Лесор е „фит“ – ќе игра за Франција на СП

Францускиот селектор Винсан Коле доби одлична вест во пресрет на светскиот шампионат во кошарка откако Матијас Лесор доби зелено светло за настап на претстојниот Мундобаскет. Доскорешниот ас на Партизан се жалеше на повреда и пропушти голем дел од подготовките, но по последните прегледи доби зелено светло од лекарскиот тим да отпатува со „триколорите“ на Далечниот Исток.

Покрај Лесор, на финалниот список на францускиот селектор се најдоа уште и Руди Гобер, Мустафа Фал, Еван Фурние, Николас Батум, Нандо де Коло, Жерсон Јабуселе, Ели Окобо, Исаја Кординие, Јакуба Уатара, Тери Тарпеј и Силван Франциско.

Франција се наоѓа во групата Х заедно со селекциите на Канада, Летонија и Либан, а „триколорите“ првиот меч на СП го играат на 25 август против селекцијата на Канада.

Се вчитува...