Претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ го наведе Матијас Лесор кој настапуваше за белградскиот тим во сезоната 2017/18 како причина за распарот во тимот и отказот на младиот српски тренер Душан Алимпијевиќ велејќи дека стратегот поминал низ невидени неправди поради нерезонските потези на Французинот.
Оваа изјава на Човиќ стигна и до самиот Лесор кој во меѓувреме го облече и дресот на Партизан за кој настапуваше три сезони и стана вистински миленик на навивачите, а сега настапува за грчкиот гигнат Панатинаикос па следеше и жесток одговор на социјалната мрежата „Х“ (поранешен Твитер).
„Пресмешно. Ликот говори како да не се обиде да ме блокира низ цела Европа говорејќи им на сите дека сум лоша личност, лош соиграч, слепец и кој знае уште какви други ср*ња на кои може да се сетите. Имав 22 години, а тој се обиде да ми ја уништи кариерата. На крајот ми направи услуга“, напиша Лесор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА