Лесор на удар на навивачите на Панатинаикос: Врати се во тој мал клуб од Србија!

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, беше жестоко нападнат од приврзаници на грчкиот клуб.

Центарот на грчкиот гигант беше на мета на навивачите откако ја славеше победата на Партизан против Црвена Звезда во дербито на Евролигата. Веднаш по победата следеше видео повик на Алекса Аврамовиќ со поранешниот центар на Партизан  кој сега е член на Панатинаикос.

Лесор ја почувствува атмосферата од Арената во Белград, но и гневот на навивачите на ПАО, кои не го штедеа од коментари на социјалните мрежи.

„Ако толку многу ти недостига Партизан, врати се! Панатинаикос е најголемиот клуб во Европа и благословен треба да си што си тука. Престани со ова и играј  кошарка или врати се во тој мал клуб“, беше еден од коментарите.

Се вчитува...