Лесор: Не сакав да заминам од Партизан, но…

Матијас Лесор ова лето направи неочекуван трансфер од Партизан во Панатинаикос доколку се земе во обѕир сезоната која ја имаше во белградскиот евролигаш и приврзаноста со навивачите на „црно-белите“.

Французинот сега ја откри причината за заминувањето, велејќи дека го мотивирал проектот на Панатинаикос кој цели да се најде на самиот врв, како и страствените навивачи на клубот од кои очекува пеколна атмосфера секој натпревар.

„Тоа беше комплициран избор. Не сакав да заминам од Партизан, но не мотивираше фактот дека ќе бидам кошаркар на Панатинаикос и дека ќе се најдам во проект сличен како оној кој што јас го посакувам – клубот кој ќе се бори за самиот врв и притоа потпишува големи играчи. Знам и дека може да биде лудо во Атина со ривалството на двата големи клубови. Едвај чекам да ја видам ОАКА во пламен, како што беше и во Партизан“, вели Лесор.

Се вчитува...