Лесор успешно опериран, паузира четири месеци

Екипата на Панатинаикос се огласи по повод тешката повреда на Матијас Лесор, и објави колку ќе паузира играчот кој вчера заработи тешка повреда на мечот со Басконија.

Операцијата е извршена успешно, и сега следува период на рехабилитација. Иако се претпоствуваше дека за него оваа сезона е веќе готова, сепак, може да се врати кон крајот на истата.

Тој се здоби со скршеница на фибулата на левата нога.

„Утрото во петоко на 20. декември, Лесор беше подложен на успешна операција за санирање на повредата на левата нога. Го оперираше нашиот тимскли лекар“, стои во соопштението на Панатинаикос.

Се вчитува...