Матијас Лесор се врати во Белград на прв меч против Црвена Звезда откако минатото лето од Партизан се пресели во Панатинаикос, па јасно е дека навивачите на „црвено-белите“ имаа „специјален дочек“ за францускиот центар.
Лесор одигра во свој стил, доминираше под обрачите, имаше неколку атрактивни забивања и со 19 поени го предводеше ПАО до рутински триумф, а темпераментниот центар по мечот даде и интересен опис за атмосферата во салата.
„Денеска овде беше како џунгла. Имаше некои зебри, делфини и пони, исто така имаше и мајмуни. Имам одиграно многу натпревари во оваа сала, се имам навикнато. Секогаш сум подготвен да направам се што треба за мојот тим да победи, ова е исклучително важна победа за нас“, изјави Лесор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА