Матијас Лесор, францускиот центар кој е миленик на навивачите на Партизан во интервју откри дека потпишал за „црно-белите“ само поради одмазада кон Црвена Звезда, клубот за кој настапуваше во минатото, но немаше добра соработка.
Лесор настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18 во која промаши зицер кој го чинеше белградскиот клуб пораз во финалето на АБА и настап во Еврокупот. Поради овој промашен обид веднаш стана омразен во очите на навивачите во „црвено-бело“ па замина од клубот.
Во декември 2021 година се врати во Србија, но во Партизан со кој во сезоната 2022/23 ја освои АБА и за малку не се пласираше во финалето на Ф4 турнирот на Евролигата.
„Во животот не е се лично, но ова беше. Тоа е како кога ќе те предаде најдобриот пријател, тогаш повеќе не можеш да му бидеш верен. Говоревме за многу лоши работи за мене откако заминав. Ме бараа тимови, а тие ми говореа дека сум лоша личност, лош за соблекувалната. Загубив години поради тоа, некои буквално договорени договори. Се обидоа да стават крај на мојата кариера на 22 години. Ми требаше многу време да се вратам. Се тоа поради промашениот шут во финалето на АБА. Сакав да се оддолжам и да и донесам титула на екипата следната година“, откри Лесор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА