Лестер во новата сезона повторно ќе биде дел од Премиерлигата откако избори учество во најсилното фудбалско првенство на „Островот“ освојувајќи го Чемпионшипот. Но, како ќе изгледа тимот во следната сезона останува под голем знак прашалник.
Тренерот Енцо Мареска се наоѓа пред премин во Челси, но заминувањето на Италијанецот нема да биде најголемиот проблем со кој ќе се соочат „лисиците“.
Имено, како што откриваат англиските медиуми Лестер би можел да се соочи со одземање од шест до 15 бодови поради прекршување на финансискиот фер-плеј.
Доколку се остварат предвидувањата на Англичаните тоа би можело да биде и рекордна казна. Сегашниот рекорд на одземени бодови кога станува збор за англиските премиерлигаши ја доби Портсмут во сезоната 2009/10 кога му беа одземени девет бодови поради кои испадна во второлигашкиот ранг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА