Лестер го отпушти Клод Пуел

Неполни 24 часа по катастрофалниот пораз од Кристал Палас на „Кинг Пауер“, Лестер го отпушти менаџерот Клод Пуел. Нема информација кој ќе дојде на неговата позиција.

Францускиот тренер во Лестер дојде во октомври 2017 година, го водеше клубот на 56 натпревари, имаше 19 победи. Тој имаше важечки одговор до 2020 година па веројатно Лестер ќе мора да му испалти и обештетување.

Пуел го остава Лестер на 12. позиција на премиерлигашката табела со 32 бода и без победа на последните седум средби.

Информацијата за отказот не ја објави Лестер туку неколкумина новинари кои го следат клубот и Премер-лигата.

 

Се вчитува...