Англискиот премиерлигаш Лестер го претстави своето најново засилување, нигерискиот интернационалец Келечи Ихеаначо, кој доаѓа од редовите на Манчестер сити. 20-годишниот напаѓач, кој се наметна веќе во Премиер – лигата во тимот на „граѓаните“, потпиша петгодишен договор со Лестер и ќе го носи дресот со број „8“.
„Возбуден сум што ќе го носам дресот на Лестер, и се надевам дека во наредниот период ќе се радуваме сите заедно на клупските успеси“, изјави Ихеаначо при претставувањето.
Младиот Нигериец настапи на 64 натпревари за Манчестер сити и постигна 21 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА