Лестер триумфираше со 2-0 на дуелот против Саутемптон, со што Брендан Роџерс го прескокна на второто место на премиерлигашката табела својот поранешен клуб Ливерпул.
На „лисиците“ им беше доволен само еден гол, оној на Медисон пред крајот на првото полувреме, за да го скршат отпорот на „светците“. Во завршните пет минути Лестер имаше уште две стопроцентни шанси што домашните фудбалери не ги искористија, за во 95. минута Барнс да ја смести топката во мрежата на Саутемптон за конечни 2-0.
Лестер моментно е второпласиран со 37 бода, два повеќе, но и натпревар повеќе од Ливерпул, кој утре го игра дербито со Манчестер Јунајтед (38 бода и меч помалку од „лисиците“).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

