Лестер потсети на Германија на Светското првенство во фудбал, совладувајќи го Саутемтптон нагости со 0-9 во премиерниот меч од 10. коло во Премиер-лигата.
Лестер со голот на Чилвел во 10. минута покажа во која насока ќе се движи натпреварот, а тоа го потврди црвениот картон на Рајан Бертранд во 12. минута. До крајот на првиот дел следеше потоп на Саутемтпон кој прими уште четири гола. Тилеманс во 17. зголеми на 0-2, следуваа два гола на Ајози Перез во 19. и 39., а во лситата на стрелците се запиша и Џејми Варди во 45 минута.
Во вториот дел Ајози Перез стигна до хет-трик со гол во 57. минута, на 0-7 зголеми Варди во 58. минута, со прекрасен гол Џејмс Медисон во 85. минута зголеми на 0-8, а конечните 0-9 ги постави Варди со гол од пенал во 93. минута. Ова е најголем пораз во историјата на Саутемтптон на „Сент Мерис“, a и Лестер влезе во аналите бидејќи ниту еден клуб досега во Премиер-лигата нагости не победил со 0-9.
Со победата Лестер се искачи на второто место на првенстваната табела со 20 бода, додека Саутемтптон остана 18. со осум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА