Лестер излезе како победник од трката по Келечи Ихеаначо, осигурувајќи го потписот на голгетерот на Манчестер сити, за кого уште се интересираа и Вест хем, Стоук и ВБА. Сепак, челниците на поранешниот првак на Англија успеаја да се договорат со „граѓаните“, согласувајќи се на сумата од 20 милиони фунти како отштета. Воедно, „лисиците“ дозволиле во договорот да има и клаузула со која Сити за повисока сума во иднина би можел да го врати Ихеаначо доколку овој голгетер прерасне во премиерлигашка ѕвезда.
За комплетирање на трансферот треба да се договорат уште личните услови со фудбалерот, но тоа не би требало да претставува проблем со оглед на желбата на Ихеаначо од неколкуте заинтересирани клубови во преден план да ја земе токму понудата на „лисиците“ од Лестер.
Како што јавува „Скај спортс“, голгетерот на Сити ќе треба да го разреши и конфликтот со поранешниот агент, за да ги елиминира и последните пречки за овој трансфер што поскоро да се реализира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА