ФИФА го одби барањето на Лестер сити за Адриен Силва да биде регистриран за првенството, по завршувањето на крајниот рок. Наводно, од канцелариите на Лестер доцнеле само 14 секунди со исполнувањето на условите за регистрација, а имале и дополнителни два часа за да ги комплетираат потребните документи.
Адриен Силва ќе биде играч на Лестер, но без дозвола за настап на официјални натпревари, бидејќи „лисиците“ веќе исплатија 22 милиони фунти на Спортинг Лисабон.
Шампионот на Англија од пред две сезони, во првиот дел од сезоната ќе биде со значајно ослабен состав. Останаа и без Дени Дринквотер, кој се пресели во Челси во последните часови од трансфер маркетот, па на позицијата играч за врска е најголемиот хендикеп на Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА