Лестер победи во чест на загинатиот претседател (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лестер успеаја да победат на гости против Кардиф со 0-1, и триумфот му го посветија на загинатиот претседател Вишаи Шривадханапрабха. Демерај Греј во 55.минута го постигна победничкиот гол за „лисиците“, а пред стартот на мечот му беше одддадена последна почит со минута молчење на трагично загинатиот претседател на гостинскиот состав.


Евертон со 3-1 го совлада Брајтон, а домашни победи забележаа и Њукасл и Вест хем.

Резултати Англија: Кардиф – Лестер 0-1, Евертон – Брајтон 3-1, Њукасл – Ватфорд 1-0, Вест хем – Барнли 4-2.

Се вчитува...