Манчестер Јунајтед и Лестер конечно се договорија за висината на отштетата што треба да биде платена за трансферот на репрезентативецот Хари Мегваер на „Олд Трафорд“. За 80 милиони фунти, дефанзивецот на Лестер ќе се пресели на Театарот на соништата и ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“. Тоа ќе биде и најскапиот трансфер за еден одбранбен фудбалер во Англија, надминувајќи го и трансферот на Вирџил ван Дајк во Ливерпул.
Манчестер Јунајтед долг период „играше пресинг“ за Хари Мегваер, менаџерот Оле Гунар Сослкјер го одреди како прва цел во овој летен преоден рок и раководството конечно успеа да направи капитален чекор. Сега останува полесниот дел од задачата, Манчестер Јунајтед да ги договори личните услови со фудбалерот и да го доведе на медицински прегледи и на потпис на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА