Лестер синоќа претрпе огромен пораз од Брентфорд на домашен терен од 0-4. Серијата на порази на домашен терен со тоа сега е шест меча по ред, и тоа без постигнат гол, што е нов антирекорд во Премиерлигата.
Негативниот рекорд на Лестер почна против Арсенал (0-2), а продолжи со Фулам (0-2), Кристал Палас (0-2), Манечестер Сити (0-2) и Вулверхемптон (0-3).
По 26 меча, тимот на Руд ван Нистелрој е на 19. место во Премиерлигата, и до крајот на сезоната жестоко ќе се бори за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

