Лестер доведе ново засилување за одбранбената линија откако денеска беше комплетиран трансферот на Весли Фофана. „Лисиците“ повеќе од еден месец преговараа со Сент Етјен за овој трансфер, за конечно да биде договорено – 19-годишниот дефанзивец да се пресели во Премиер-лигата за сума од 30 милиони фунти.
„Пресреќен сум што доаѓам овде. Го следев Лестер во неверојатниот пат до титулата, знам дека доаѓам во топ-клуб од најсилната лига. Ќе научам многу од соиграчите и од тренерот, тоа беше една од главните причини поради кои дојдов овде“, изјави Фофана по потписот на договорот со Лестер.
„Лисиците“ одлично ја стартуваа новата сезона, освојувајќи максимални девет кола по првите три рунди, во последното коло декласирајќи го на гостински терен Манчестер Сити со 2-5.
Фофана е третото позначајно засилување за Лестер во овој преоден рок, по Тимоти Кастањ од Аталанта и Ченгиз Ундер од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

