Лестер се извлече против Њукасл (ВИДЕО)

Лестер стигна до победа на гостувањето кај Њукасл во натпревар од 17. коло во англиската Премиер-лига. По првото полувреме кое заврши без голови, водство за гостите донесе Медисон во 55. минута. На 0-2 зголеми Тилеманс во 72. минута.

До крајот домаќините успеаја само да постигнат почесен погодок преку Енди Керол во 82. минута. Со триумфот Лестер изби на третата позиција на првенствената табела со 32 бода, односно само еден помалку од водечкиот двоец Ливерпул, Манчестер Јунајтед. Њукасл останува 15. со 19 освоени бода.

 

 

Се вчитува...