Лестер со рутинска победа над Вотфорд ја стартуваше одбраната на титулата во ФА купот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во англискиот ФА куп, Лестер со убедлив триумф од 4-1 над Вотфорд ја стартуваше одбраната на титулата во најстарото фудбалско натпреварување. „Лисиците“ поведоа со голот на Тилеманс во 7. минута, а во 25. Мадисон зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 со голот на Педро во 27. минута.

Во вториот дел со погодоците на Барнс во 54. и Олбрајтон во 85. минута избраниците на Брендон Роџерс ја потврдија победата.

Од останатите мечеви од терминот од 16 часот за издвојување се елиминацијата на Њукасл од Кембриџ (0-1) како и победата на нисколигашот Борехам Вуд над Вимблдон со 2-0.

Се вчитува...