Лестер со убави голови го совлада Брентфорд (ВИДЕО)

Екипата на Лестер дојде до победа над Брентфорд во натпревар од 30. коло во Премиерлигата. За само 13. минути домашниот тим дојде до два гола, со кои на крајот ги освои трите бода од овој меч.

Кастањ во 20. минута погоди, а во 33. минута Медисон зголеми на 2-0.

Во вториот дел Виса во 85. минута само намали на 2-1. За Лестер ова беше 10-та победа во првенството, додека Брентфорд го нанижа 16-тиот пораз, со кој и натаму стравува за својот опстанок во Премиер-лигата.

Се вчитува...