Лестер ја испушти шансата повторно да се најде во Лигата на Шампионите откако на последниот натпревар во сезоната загуби против Тотенхем со 4-2, но Брендон Роџерс веќе работи на составување на тимот кој следната сезона ќе се бори за изборување на место во најсилното натпреварување.
Една од големите желби на 48-годишниот стратег е Филипе Кутињо. Роџерс и Бразилецот добро се познаваат и веќе соработуваа во редовите на Ливерпул, а овој трансфер би бил во полза и на Барселона која сака да се ослободи од услугите на 29-годишникот.
За Кутињо постои интерес и од Арсенал и Евертон, но ниеден од овие тимови не може да му понуди на Бразилецот настапи во Лигата на Шампионите следната сезона. Покрај англиските тимови се споменува и Борусија Дортмунд па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши бразилскиот плејмејкер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА