Лестер во финишот го совлада Барнли (ВИДЕО)

Барнли одолеваше на нападите на Лестер се до 82. минута, а потоа во финишот „лисиците“ дадоа два гола, после кои дојдоа до три бода на ова гостување. Медисон во 82. минута на асистенција на Варди погоди, а потоа самиот Варди се запиша во листата на стрелците и ја донесе победата.

Ова беше само осма победа на Лестер во Премиер-лигата, премалку од очекувањата и целите на овој тим, додека Барнли и натаму е во зоната на испаѓање и грчевито ќе се бори за опстанок.

Варди со овој гол сега има 10 погодоци и влезе во топ 5 стрелците во Премиерлигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...