Лестер во огромни проблеми: Можат да му бидат одземени бодови

На Лестер му се заканува ново одземање на бодови кое овој пат може и да биде кобно по премиерлигашкиот статус на клубот. Станува збор за веќе подобро познат прекршок на правилата за одржливост.

Поранешниот шампион се товари за загуба од 92.5 милиони фунти во 2022 година и 90 милиони фунти во 2023 година, што го надминува лимитот за можна загуба од 105 милиони фунти на период од три години.

Претходното лето клубот успеа да се извлече од казна на „техникалност“, понесувајќи финансиски извештај откако го загуби местото во Премиерлигата, но овој пат ситуацијата може да се закомпликува дополнително поради тоа што финансиските огрничувања за клубовите во Чемпионшипот се доста помали во однос на оние во најелитниот шампионат.

Се вчитува...