Лестер не го издржа притисокот и мораше да се збогува со Весли Фофана кој продолжува на „Стемфорд Бриџ“, но англискиот клуб експресно успеа да ја осигура неговата замена. Станува збор за Воут Фаес кој во Премиерлигата доаѓа од редовите на францускиот прволигаш Ремс.
Репрезентативецот на Белгија кариерата ја започна во Андерлехт, а по неколкуте позајмици во 2018 година премина во Остенде. Таму се задржа до 2020 година пред да се пресели во француското прненство и Ремс за кој одигра 77 натпревари на кои постигна пет гола.
We’ve signed Wout Faes on a five-year contract from Reims! ✍️#WelcomeWout
— Leicester City (@LCFC) September 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА