Ливерпул пропушти голема можност да побегне седум бода во однос на Манчестер сити во трката за шампионската титула во Премиер – лигата. „Црвените“ одиграа само 1-1 против Лестер на домашен терен и имаат пет бода позитива. Садио Мане во третата минута го доведе Ливерпул во водство, но Хари Мегваер израмни пред самиот истек на првиот дел.
Мохамед Салах и Роберто Фирмино не беа расположени на овој меч, и тоа Лестер знаеше да го искористи.
Тотенхем со пресврт го совлада Вотфорд со 2-1. Каткарт во првиот дел донесе предност за гостите, но Сон и Љоренте во финишот погодија за Тотенхем и донесоа триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА