Хаос владее низ улиците на Гелзенкирхен на неколку часа пред почетокот на дуелот меѓу Србија и Англија откако дојде до масовна тепачка меѓу навивачите на двете селекции.
Со провокации се почна уште утрово кога Србите се обидоа да одземат англиско знаме од противничките фанови, се продолжи и во попладневните часови, за да дојде и до првиот посериозен инцидент.
Неофицијално, во масовната тепачка учествувале вкупно 100 навивачи на двете репрезентации, а од видеата што се објавуваат по социјалните мрежи се гледа како летаат столици од кафулињата низ улиците на Гелзенкирхен.
England and Serbia fans clashing in Gelsenkirchen before tonight’s match. 🇷🇸🏴
🎥 @TJFrancisLive pic.twitter.com/Ax8vuDLt9k
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) June 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА