Реал Мадрид успеа да спаси еден бод на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетик Билбао, играјќи 1-1. Тимот на Зинедин Зидан играше летаргично и во финишот стигна до израмнување со голот на Кристијано Роналдо. Хрватот Лука Модриќ шутираше од работ на шеснаесетникот, а Роналдо ја допре топката и таа заврши во мрежата.
Атлетик Билбао знаеше како да ја умртви играта на „кралевите“, а стигна прв до водство уште во 15.минута со голот на Ињаки Вилијамс.
Реал Мадрид по ова реми се наоѓа на третата позиција со 68 бода, три повеќе од Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА