Финската тинејџерска сензација Мика Муринен по успешниот настап со својата репрезентација на Евробаскетот се одлучи кариерата да ја продолжи во Србија и да стави потпис на повеќегодишен договор со Партизан.
Муринен во Србија дојде од Соединетите американски држави, а откри дека причината за тоа е можноста за напредок особено под водство на Жељко Обрадовиќ.
„Тука имам многу повеќе простор за напредок отколку да останев во средно училиште во САД, без дилема. Го имам најдобриот тренер на сите времиња и фантастични соиграчи. Ќе играм Евролига и очекувам тешки натпревари. Главната цел ми е да бидам што подобар“, изјави Муринен кој се уште го чека дебито во „црно-белиот“ дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

