Летечките „пелистерци“: Супер-цепелин на Костески против Татабања (видео)

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески е стрелец на најубавиот погодок на денешниот дуел меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања, постигнат пред самиот крај на првото полувреме од мечот во Битола.

Мандалиниќ одлично го проигра на крило Ојлески, а екс-репрезентативецот несебично фрли цепелин на спротивната страна до Костески, кој го матираше одличниот голман Ласло Бартуш.

Погледнете ја оваа мајсторија на „пелистерци“…

Се вчитува...