Се е подготвено за масовен егзодус од Арсенал кој ќе се случи на крајот од сезоната. „Топчиите“ сакаат да донесат нови засилувања следното лето, а за да го направат тоа се подготвени да бркаат дури седум играчи од „Емирати“.
Според новинарите на The Mirror, Артета подготвила големи промени и официјално ќе ги направи во текот на летото, па навивачите од следната сезона ќе можат да видат нов Арсенал. Според извештаите, Рахим Стерлинг и Нето нема да се вратат во Арсенал по истекот на позајмиците, туку ќе одат во нивните клубови.
Стерлин дојде од Челси на позајмица, а Нето од Борнмут. Двајцата ќе се вратат, а Арсенал ќе го напуштат и Киеран Тирни, Томас Парти и Жоржињо, чии договори истекуваат по завршувањето на сезоната.
Тирни треба да продолжи во Селтик, додека Жоржињо ќе оди во Бразил, во дресот на Фламенго. Исто така тимот ќе го напуштат и Олекасндар Зинченко и Јакуб Кивиор. Двајцата се поврзуваат со заминување во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

