Летната чистка на „Олд Трафорд“ ќе го опфати и Онана

Иднината на Андре Онана во Манчестер Јунајтед останува неразјаснета поради се почестите грешки во оваа сезона. Камерунскиот голман дојде во Манчестер во 2023 година, но не ја оправда довербата. Прави сериозни грешки, по што тимот од Олд Трафорд најверојатно ќе го продаде идното лето.

После неговите грешки во Лигата на Европа против Лион, голманот беше отстранет од тимот на вчерашното гостување кај Њукасл. Меѓутоа и неговата замена Алтај Бајандер не го увери стручниот штаб дека е вистинско решение за позицијата, затоа што направи грешка при четвртиот гол на Њукасл, и покрај тоа што имаше неколку добри интервенции.

Покрај Онана, на трансфер листата се очекува да се најдат и Маркус Рашфорд, Кристијан Ериксен, Касемиро, Виктор Линделоф, Џони Еванс и уште неколку играчи.

Се вчитува...