Хуан Антонио Самаранч јуниор, кандидатот за наследник на Томас Бах на функцијата претседател на Меѓународниот олимписки комитет, е отворен за можноста домаќин на Олимписките игри во 2036 година да биде Саудиска Арабија, а тие игри наместо во лето би се одржале во зима.
Саудиска Арабија ја доби организацијата на Светското првенство во 2034 година, а сега оваа земја размислува да поднесе кандидатура за организација на Олимписките игри во 2036 година.
Шпанецот Хуан Антонио Самаранч јуниор, кој е еден од кандидатите за претседател на Меѓународниот олимписки комитет, ја поздравува идејата Игрите за првпат да се одржат на Блискиот Исток.
На директно прашање дали може да замисли Саудиска Арабија да биде домаќин на Игрите, Шпанецот даде конкретен одговор.
„Ако сум доследен на мојот став дека универзалноста е најважна работа во она што го правиме, тогаш не можам да ги затворам очите пред фактот дека во денешните околности има делови од светот кои не можат ниту да сонуваат за организирање на Игрите. Мислам на значителен дел од Азија, Блискиот Исток, северните делови на Африка, северните делови на Европа, значаен дел од Централна Америка“, рече Антонио Самаранч јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА