Летонија ја прегази Литванија за извонредно 5. место, Жагарс го собори рекордот на Тони Кукоч стар 29 години

Кошаркарите на Летонија запишаа одличен пласман на собирот на најдобрите светски кошаркари, завршувајќи го Мундобаскетот 2023 на петтата позиција на крајот.

Летонците во натпреварот за 5. место буквално ја прегазија Литванија со триумф од 98-63.

Од самиот почеток на дуелот беше јасно дека летонските кошаркари се сериозно расположени за победа на мечот. Па, ја добија првата четвртина со осум поени разлика (28-20), а на полувремето беше и +11 за Летонија. Второто полувреме мина во уште поубедлива игра на Летонците кои целосно ги деморализираат противниците.

Куручс со 20 поени беше најдобар кај Летонија, а Смитс заврши со 17 постигнати поени. Жагарс на најдобар можен начин го затвори за себе одличниот шампионат со 17 асистенции на мечот, што е нов рекорд на светските првенства. Досегашниот го држеше Хрватот Тон Кукоч од шампионатот во 1994 година.

 

Се вчитува...