Летонскиот спорт одново завиен во црно: На 49 години почина oлимписки медалист

По трагичната вест дека Јанис Тима си го одзел животот, истиот ден во Летонија се случи уште една трагедија, бидејќи почина освојувачот на медел на Олимписки игри Ајгарс Фадејевс.

Федејевс почина на 49 години, а летонскиот атлетичар освои сребрен медал на Олимписките игри во Сиднеј во 50 километри брз одење. Освојувач на медали е и на Европското првенство.

По пензионирањето, тој стана физиотерапевт кој лекуваше големи спортски ѕвезди како Коби Брајант.

– Со длабока тага ве известуваме дека денеска, 17 декември, почина нашиот сакан татко, сопруг и син Аигарс Фадејевс… На 27 декември Ајгарс ќе наполнеше 49 години. Неговиот роденден е во време кога светот повторно се осветлува. И неговиот живот беше како тоа време – полн со енергија и движење. Ајгарс го сакаше животот, спортот и луѓето. А неговиот живот беше движење, кое одеднаш престана. Ги молиме сите луѓе да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој период на жалост – е пораката на семејството.

Се вчитува...