Летонците оптимистични за настап на Жагарс

Летонската кошаркарска репрезентација доживеа тежок пораз од Турција на отварањето на Евробаскетот, а има и дополнителна причина за грижа бидејќи се повреди еден од најдобрите кошаркари во составот, Артурс Жагарс.

Кошаркарот постигна 11 поени за само 16 минути поминати во игра пред принудно да го напушти теренот и воопшто не се врати во средбата, но од летонскиот табор постои оптимизам за негов настап веќе на следниот натпревар против Естонија.

Натпреварот кој ќе биде одигран во петок со почеток од 17 часот е од огромно значење за Летонија за пласман во следната фаза со оглед на тоа што потоа следи дуелот со фаворизираната Србија, како и незгодните Португалија и Чешка.

Се вчитува...