Летонците славеа во вториот дуел против селекцијата до 16 години

Репрезентацијата на Летонија во вториот контролен натпревар ја совлада селекцијата на Македонија до 16 години со 2:0.

Селекторот Иљами Исени за денешниот дуел се реши да направи голем број измени во стартната постава, а се со цел да им даде шанса на сите повикани фудбалери за овие мечеви.

Летонците денеска беа поквалитетен противник и заслужено стигнаа до победа иако и избраниците на Исени имаа неколку шанси за да ја затресат мрежата на гостите. Првиот погодок беше постигнат во петтата минута, а стрелец беше Адрианс Куракинс.

Само седум минути подоцна обидот на Матеј Бочески го одбрани голманот Иванаускас додека во 31. минута, Коста Георгевски го погоди дирекот од голот на противникот. На почетокот од второто полувреме в о 54. минута Илија Аксентиев имаше одлична шанса за израмнување, но Иванаускас ја спаси својата мрежа.

Во 69. Андрис Аизсилниекс зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат. До крајот на натпреварот Македонија имаше можност да стигне до погодок, но ударот на Марин Крстевски од непосредна близина заврши преку голот.

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 0:2 (0:1)

Стадион: Тренинг центар Петар Милошевски

Судија: Ангел Гелов

Помошници: Бојан Ивановски, Стефан Стојановски

Четврти судија: Ненад Тодоровски

Стрелци: Адрианс Куракинс 5, Андрис Аизсилниекс 69

МАКЕДОНИЈА: 1. Илхан Мемети (Лука Спасески 80), 2. Митко Стојанов (6. Амар Акики 55), 4. Матеј Бочески (17. Огнен Сивевски 67), 7. Александар Полимац (3. Михајло Павлов 80), 10. Далибор Марковиќ (18. Адриан Велески 55), 13. Ејсер Фетаи (5. Филип Ѓорѓиоски 80), 14. Марко Петровски (16. Љис Имери 46), 15. Илија Аксентиев (24. Давид Наумоски 80), 19. Коста Георгиевски (11. Марин Крстевски 67), 21. Благојче Седлоски (25. Филип Андоновски 80), 23. Аулон Куртиши (8. Дардан Адеми 46).

Се вчитува...