Летонија триумфираше со 1-0 против Фарските острови во првиот натпревар од 2. коло во Групата 4 од Ц Лигата на нациите.
Летонците, во крајно израмнет натпревар кој најреално беше да заврши без победник, до победата дојдоа со сомнителен погодок во 64. минута од средбата.
Варлаванс го постигна голот за победа, откако се чини претходно во акцијата асистентот Гутковскис играше со рака. Беше разгледувана ситуацијата, но ВАР-собата не реагираше па судијата го призна погодокот, иако од дополнителнителните снимки беше очигледно дека Гутковскис играше со рака.
Renārs Varslavāns breaks deadlocker! Latvia 1-0 Faroe Islandspic.twitter.com/VXyLShbjz2
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА