Летото со Србија го „зарѓа“ Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Денвер Нагетс и официјално ги започна подготовките за новата НБА сезона во која со оглед на новите засилувања во тимот ќе биде еден од претендентите за титула.

Но, голем проблем за франшизата од Колорадо овој пат може да биде Никола Јокиќ кој се претстави во непретпознатливо светло пред американските медиуми на денешниот тренинг на тимот.

Јасно е дека репрезентативецот на Србија кој беше дел Евробаскетот има доволно време да се врати во форма, но на социјалните мрежи фановите веќе започнаа шеги дека уште сега размислува за тоа каде ќе одмара следното лето.

Се вчитува...