Лев: Не размислувам веќе за Озил, тој одлучи да не игра за Германија

Фудбалската репрезентација на Германија вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен ќе го пречека светскиот првак, селекцијата на Франција, во првиот дуел од Лигата на нации, а селекторот Јоаким Лев доби непријатно прашање. Дали со Месут Озил во тимот, „панцирите“ би биле посилни во пресметката со Французите. Но, и знаеше да го даде потребниот одговор.

„Не размислувам веќе за Месут Озил. Јас сум селектор на Германија, а тој одлучи веќе да не го носи германскиот национален дрес. Со оглед на тоа, размислувам само за оние фудбалери кои ми се достапни и за мене тие се најдоброто што го имаме“, изјави Јоаким Лев.

По откажувањето на Озил, сега „десетката“ на Германија ќе оди кај Џулијан Брант.

Се вчитува...